• Ελληνικά
  • English
  • македонски јазик
  • Српски језик
  •   

    Поморски превоз Транспортни документи

    Видови на коносмани во поморскиот превоз

    Коносмантот-Бил оф Лаидинг (Bill of Lading) е најважниот документ во трговијата во делот на поморскиот превоз. Тоа е еден договор на сопственост во кој што е нагласено кој е сопственик на стоката која е предмет на пренесување со брод, со камион, со авион или со воз. Во основа коносманот е писмен доказ за согласност за транспортот и доказ дека пратката на стоката е завршена.

    Во делот на поморскиот транспорт коносманот се издава веднаш по заминувањето на бродот и во главно со тварањето на контејнерот на брод. Бидејќи коносманот е правен докумен датумот на издавање се совпаѓа со датумот на завршување на товарање.

    Коносманот мора да ги содржи следниве податоци:
    • Точното име/назив на товарачот
    • Точното име/назив на примателот
    • Податоците за контакт на примателот или неговиот претставник во дестинацијата на пристаниште
    • Името на бродската компанија која што го врши поморскиот транспорт
    • Пристаниште на утовар или/и место на товарење
    • Пристаниште на истовар или/и крајна дестинација
    • Име на бродот на кој што се товарени стоките
    • Вид и опис на стоката која се транспортира, број на палети, пакети, бруто тежина на товарот
    • Услови под кои се одвива транспортот (ФОБ, Ц&Ф, ЦИФ итн.)
    • Број на слободни денови на крајната дестинација (за случаи каде што е направен посебен договор)
    • Се друго кое што е ствар на договор помеѓу товарачот и примателот и во главно ги засега нив (акредитив)
    • Датум на издавање

    Коносманот може да биде “номинален”, кој се пренесува на лицето што му припаѓа – примателот или “наредбен” кој се пренесува со заверка. Превземањето на стоката може да се направи од страна на лицето наведено во “номиналниот” коносман – примателот или од оној кој што го има заверено по предходна наредба на примателот.

    Видови на коносмани:
    • Во однос на примателот
      • Номинативен коносман (товарен лист): Право на подигнување на товарот има само наведениот примател и се предава само со присуство на истиот коносман.
      • Straight Bill of Lading / Вејбил или Експрес Релис (не може да се преговара за пренесуванње на трето лице): Стоката се предава само на истиот примател кој што е наведен на коносманот и истата неможе да се пренесе на трето лице.
      • “Ту ордер” (коносман по наредба): Име на примателот е “Ту ордер” и се наведува како Нотифај Парти – Известувач. Стоката се предава со заверка од примателот и краен примател е тој кој што го има заверено самиот коносманν.
      • Носител на коносман (Носечки коносман): не е наведен конкретен примател, но се наведува известувач Нотифај Парти. Стоката се предава со физичко присуство на коносманот од страна на носителот и примател на стоката е носителот на коносманот.
    • Како доказен документ
      • Коносман за примање на товарот (коносман за примање на товарот кон товарање): Доказ на морскиот агент дека го има примено товарот за товарање.
      • Коносман за товарање на товарот (товарен коносман): Коносманот кој што се издва веднаш после товарањето на товарот.
      • Хаус Бил оф Леидинг: Се издава од страна на агентот на кој што е наведен вистинскиот товарач и примател на стоката.
      • Мастер Бил оф Лаидинг: Се издава од страна на бродската линија и како товарач е наведен агентот на пристништето на утовар а како примател агентот на пристанштето на истовар.
     
    За авторот
     
     



    error: Content is protected !!