Мулти модален превоз од Грција за Франција

Косматос Груп беше номинирана за превоз на рафинериска опрема од Грција за рафинеријата БУТАЧИМИ во Шалампе, Франција.

Вкупниот товар се состои од 19 резервоари со вкупна тежина од 265 тони и вкупен волумен од 1700 кубни метри.

  • 5 единици беа натоварени на две стандардни приколки за испорака во Шалампе
  • 8 вон габаритни единици беа натоварени на четири полуприколки и ниско подни приколки за испорака во Шалампе
  • 6 вон габаритни единици кои го продолжија превозот преку пристаништето во Солун и беа директно претоварени во посебен брод за пристаништето Ротердам. По пристигнувањето во Ротердам, беа складирани во пристанишниот терминал и потоа натоварени на баржа за речен транспорт до Отмаршајм, а од Отмаршајм се изврши доставата до рафинеријата со камион

Поголема единица за директен патен превоз: должина 13.5 м., ширина 3.16 м., висина 4.04 м., тежина 16 т.

Поголема единица за превоз преку море и река: должина 9.4 м., ширина 4.60 м., висина 5.50 м., тежина 35 т.

Проектниот тим на Косматос одигра клучна улога при утоварните и растоварните операции, со цел да се осигура дека сите чекори биле надгледувани и завршени.

DAP испораките се нашата специјалност и затоа нашиот тим на експерти обезбеди целосна логистичка поддршка за нашиот клиент пратејќи ги превозните операции низ сите фази.

Со нашата посветеност и во најдобар ред барањето на клиентот беше исполнет во целост. Тоа е она што се очекува од нас!