Зелен свет

се грижиме…

и за ова…

Рециклираме!
Во денешно време управувањето со отпадот е многу сложен процес и треба да се земаат во предвид многу различни параметри, како што се заштита на природната и урбаната средина, заштеда на енергија и природни ресурси, како и формирање на еколошката свест кај граѓаните и компаниите. Со цел на сите погоре наведени параметри, нашата компанија ги рециклира сите материјали кои што ги има во свои раце како што се хартија, стакло и метал. Поседуваме посебни контејнери за рециклирање кои припаѓаат на мрежата за рециклирање на Грчката фирма за рециклажа.

Поставивме флуоресцентни светилки со економски ниска потрошувачка!
Заштеда на енергија може да се реализира преку осветлувањето, кое речиси во повеќето случаи, е главен потрошувачки фактор. Технологијата со мала потрошувачка има направено голем напредок во осветлувањето на надворешните и внатрешните простори, која ни овозможува да ја намали за 1/3 вкупната потрошувачка на енергија само од страна на осветлување. Ова резултира не само да се заштедат пари но и заштита на животната средина, како и намалување на јаглерод диоксид и други загадувачи кои играат важна улога во ефектот стаклена градина.

Поставивме прозорци со ниска апсорпција!
Во текот на изградбата на објектот се поставија прозорци со стакло со ниска апсорпција, со специјалени гасови во јазот меѓу двете стакла. Со оваа пракса во голема мера се ограничени загубата на топлина во зима и зголемување на температурата во внатрешноста на зградата во текот на летните месеци, што помага да се избегне ефектот на стаклена градина. Како резултат на ова, имаме ограничената употреба на греење / ладење.

Создадовме резервоар за вода за пиење!
Снабдувањето со вода за пиење е еден од најважните ресурси во светот и потребата да се заштити овој природен ресурс е огромно. За време на изградбата на зградата инсталиран е резервоар за понатамошна негова употреба. Постојат многу економски и еколошки предности во инсталацијата и користењето на системот дождовница. Дождовницата може ефективно да се користи за наводнување на градината и за чистење на објектот и неговата околина.

Χρησιμοποιήσαμε οικολογικά χρώματα για τον ελαιοχρωματισμό του κτιρίου!
Се употребиа органски бои во текот на фарбањето на објектот внатре и надвор. Конкретните бои се со минимално загадување на животната средина во “целиот животен круг”, од екстракција на суровини, процес на производство, пакување, дистрибуција, користење и примена, трајност до нивно конечно депонирање во животната средина. Еколошките бои содржат ниско ниво на испарливи органски соединенија (VOC) кои се одговорни:

  • за зголемување на озонот во атмосферата кое што води кон создавање на фотохемиско загадување (познатиот “облак”)
  • за загадување на водите со бои кои што содржат миризливи соединенија
  • за “разредување” на озонската обвивка во стратосферата
  • за индиректен “придонес” во глобалното затоплување
  • за предизвикување на хронолошки и невролошки проблеми после неколку годишно употребување