Хемиски & Опасни товари

Хаб логистика нуди специјализирани логистички услуги во врска со складирање, управување и ракување со хемикалии – опасни материи, во целосна согласност со правилата на меѓународните упатства за категориите на опасни материи.

hub-logistics-2
Лиценцирање & Сертификати
  • Дозвола за отварање и градење на објект
  • Дозвола за складирање на Хемиски и Опасни производи
  • Одобрена дозвола за животна средина
  • Дозвола за заштита од пожар
  • Сертификат ISO 9001:2015
  • Сертификат ISO 14001:2015

Спецификации & Безбедносна опрема на магацинот
Во објектот поседуваме посебен оддел (Z3 противпожарен простор – со висок степен на ризик со уредба 71/1988) одобрен од страна на противпожарната служба, кој е дизајниран и изграден за отпор од 90 минути.

Надворешните и внатрешните ѕидови, бетонските стубови и боите со кои што е исфарбан објектот се направени од стручно лице со цел да се подобрат капацитетот и заштитата од пожари.

Огноотпорна изградба која што е сертифицирана од страна на TÜV Грција.

Во сите наши простории постои автоматски систем за најава на пожар, поврзан преку интернет со осигурителна компанија.

Противпожарниот систем се базира на вода за наводнувачки систем (со распрскувачи) со посебен резервоар за вода со вкупен волумен од 130 м3, постојана противпожарна мрежа и преносливи противпожарни апарати со прав и јаглерод диоксид.

Специјален простор во одделниот противпожарен простор вклучува систем со специјални противпожарни средства за опасни материјали кои што согласно нивниот MSDS не се гасат само со вода.

Специјален простор за полнење на вилушкарите на растојание од противпожарниот оддел Z3.

hub-logistics-3
Складирање на Опасни товари (ADR)
  • Знаци за безбедност во сите простори
  • Поставување и складирање на опасни материи во простори врз основа на компатибилност, за да се исклучи можноста за нивна интеракција
  • Користење на посебен правилник за ракување со опасни товари
  • Соработка со стручен советник на безбеден транспорт на опасни материи, нивно управување и транспорт на опасни материи со ADR, и паралелно следење на целосна усогласеност на постапките со релевантните одредби наведени во договорот
  • Континуирана обука на вработените во областа на безбедност, управување со опасни материи и постапки во случај на несреќа