Камионски транспорт

Обезбедуваме секаков вид на национални и меѓународни транспортни услуги по многу конкурентни цени (конвенционални, камиони со приколка, камиони платформи отворен тип).

Заедно со голем број на странски превозници со кои соработуваме, поседуваме мала флота на сопствени камиони за превоз на контејнери.

Со добро организирана мрежа на агенти, шпедиција и превозници кои што ги стекнавме за неколку децении, обезбедивме соодветни услуги во сите балкански држави (Бугарија, Македонија, Србија, Косово, Албанија).

Превземаме комбиниран превоз, како и планирање и изведување на транспорт на товари со прекумерна тежина и волумен, вклучувајќи издавање на посебни дозволи и придружба служба.

Стапете во контакт со нас и нашите стручни консултанти ќе го анализираат секој аспект на транспорт што ве интересира.